in

WTFWTF

Скандал во кралското семејство!!! Принцот Чарлс примил 1,2 милиони долари од семејството на Бин Ладен

Принцот Чарлс примил донација од милион фунти во добротворна намена од семејството на Осама бин Ладен, тврди британскиот весник Сандеј тајмс.

Според извештајот, принцот Чарлс (73) ги прифатил парите од Бакр бин Ладен, патријарх на саудиското семејство и од неговиот брат Шафик. Принцот Чарлс наводно одржал приватен состанок со Бакр (76) во Кларенс Хаус, кралската резиденција во Лондон, на 30 октомври 2013 година, две години откако америкаснките специјални сили го убија Осама бин Ладен во Пакистан.

Од Кларенс Хаус ги негираат тврдењата наведени во Сандеј тајмс и истакнуваат дека одлуката за примање донации во Добротворниот фонд на принцот од Велс (PWCF) ја донесуваат исклучиво доверителите, пишува Гардијан.

Бакр и Шафик бин Ладен се полубраќа на Осама, поврзани со основачот на Ал-Каеда предку таткото Мухамед бин Авада бин Ладен, милијардер роден во Јемен. Досега нема докази дека Барк или Шафик бин Ладен спонзорирале или биле вклучени во терористички напади.

„Донацијата од шеикот Бакр бин Ладен во 2013 година внимателно ја разгледаа доверителите на PWCF, при што ги проучија сите потребни детали и ја контактираа владата. Одлуката за прифаќање на донацијата во целост ја донесоа доверителите“ – изјави Јан Чешир, претседател на PWCF.

Извор близок до добротворната организација за британските медиуми открил дека по темелното испитување, доверителите заклучиле дека постапките на Осама бин ладен не би требало да го оцрнуваат целото семејство. Тој ги потврди наводите дека принцот Чарлс лично посредувал во договорот и ја прифатил донацијата и покрај приговорите од неговите советници од кои  некои барале дури и да ги врати парите.

Сандеј тајмс пишува дека принцот Чарлс парите го примил во готово, еднаш во куфер, а друг пат во торби Fortnum & Mason. Примопредавањата наводно се случиле во текот на состанокот со двајцата членови на семејството Бин Ладен, вклучувајќи го и оној во Кларенс Хаус.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote