in

СлаткоСлатко

Американка споредила сметки за исти намирници во 2020 и 2023 година, разликата е неверојатна

Американката Ејми на ТикТок ги споредила сметките кои за исти намирници ги добила во 2020 година, кон крајот на 2022 година и средината на јануари 2023 година, а забележала раст на цените за 50 отсто.

Поради инфлацијата која во последната година го погоди светот, цените на основните намирници прилично пораснаа. Токму тоа го покажала и Американката, која на ТикТок ги споредила сметката од 2020 година и износот кој на почетокот на 2023 година требала да го плати за истите намирници.

„Пред крајот на 2020 година отидов во „Walmart“ и ги купив сите овие намирници за 10 долари и 9 центи. Во текот на 2022 година, имаше многу приказни за инфлацијата, па отидов и повторно ги купив истите намирници кои изнесуваа 10 отсто повеќе“, навела Ејми во видеото.

„Оваа недела повторно отидов и ги купив истите намирници, кои сега изнесуваат 15 долари и 10 центи, што е приближно 50 отсто повеќе во однос на крајот на 2020 година“, закчучила таа.

Инаку оваа Тиктокерка на својот профил редовно споделува совети како да заштедите и открива дека многу од цените ги знае напамет и лесно забележува разлика во нивното покачување.

 

@amywaytosave

Full vide0 & price comparison on my Y T! #inflation #groceryshopping #groceryprices #grocerypricetoohigh #inflationisreal #pricecomparison #10dollarmealchallenge

♬ original sound – darcy stokes

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote