in

Енди Мареј ќе настапува на Олимпијада!

Двокрантиот олимписки шампион, Енди Мареј ќе ги брани боите на Британија на престојните Олимписки игри во Токио.

Мареј, 34 ќе се натпреварува заедно со неговите сонародници Дан Еванс и Џо Салисбури. Игрите, кои беа одложени во 2020 поради пандемијата. Ќе започнат на 23 јули во Токио и ќе траат до 8 август.

Енди Мареј се мачеше со повреди уште од 2017 година, но сега успеа да се врати во тенисот. Поранешниот најдобар тенисер во светот, сега е рангиран 119ти, стана првиот тенисер кои успеал да освои злато на две последователни Олимпијади.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote