Англија не успеа да се квалификува во финалето на Лигата на Нациите откако беше поразена од Белгија на гостински терен. Екипата на Герет Саутгејт го имаше поседот на топката против најдобро рангираната светска екипа, но беа без никаква идеа во нападот и примија 2 рани погодоци без да постигнат ниту еден.
Играчот на Лестер Јури Тилеманс го отвори натрпеварот во 10тата минута со шут од далечина кој се одби од Мингс и заврши во мрежата на Англичаните. Вториот погодок го постигна Ромелу Лукаку. Англија го помина поголемиот дел од мечот на противничката половина, но не успеа да постигне гол. Овој пораз значи дека Англичаните нема да го достигнат финалето на Лигата на Нациите.
Коментари
Loading…