in ,

Што?Што?

Во Германија (Баварија) наместо сол на замрзнатите патиштата, ставаат една интересна алтернатива

Трета година по ред во Баварија класичниот начин на одмрзнување на патиштата со сол е заменет со одмрзнување со преработена течност од краставица, се со цел да се заштеди сол и да се зачува животната средина.

Зимската служба од крајот на 2019 година користи преработена вода од производството на кисели краставички, која се збогатува додека не достигне доволна содржина на сол (21 процент NaCl).

Веќе по тест фазата, стана јасно дека преработената вода од краставици е поекономично и поеколошка од обичната сол на патот, пренесува Geo.de.

Иако водата од краставица која содржи сол досега се фрлаше преку канализациониот систем, таа сега се прска по патиштата.

Во посебен погон водата се третира, чисти и се доставува до патиштата како саламура.

Баварските власти на овој начин штедат сол и вода, а корист има и производителот на краставици бидејќи мора да вложи значително помалку пари во пречистување на отпадните води.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote