in

BioNTech ќе прозведе три милијарди дози од својата вакцина до крајот на оваа година!

Германската фармацевтска компанија BioNTech, која заедно со американскиот гигант Pfizer ја развија првата вакцина за коронавирус во светот, соопшти дека до крајот на оваа година би требало да произведе 3 милијарди дози од вакцината.

Компанијата првично требаше да произведе 2,5 милијарди дози, но сега целта ја покачи за дополнителни 500 милиони. „Нашите екипи направија одлична работа и го зголемија производството на вакцината. Нашата цел е да произведеме 3 милијарди дози оваа година“ изјави извршниот директор на компанијата, Угур Сахин.

Компанијата досега успеа да продаде 1,4 милијарди дози од својата вакцина и ја има една од најбараните вакцини во светски рамки.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote