in

Bradley Beal во изолација, одвоен од остатокот на тимот.

Американскиот репрезентативец Bradley Beal бил во контакт со личност заразена со коронавирус и поради тоа ќе биде ставен во изолација.

Beal поради тоа ќе ги пропушти последните контролни натпревари на репрезентацијата на САД пред настапот на Олимписките игри во Токио.

Селекторот на САД, Gregg Popovich ќе може да да го замени Beal доколку кошаркарот на Washington Wizards не може да настапи на Олимписките игри.

Во проблеми се наоѓа и репрезентацијата на Шпанија каде Carlos Alocenе позитивен на коронавирус. Шпанскиот кошаркар нема да оди во Лас Вегас каде „фуријата“ ќе ги одигра последните контролни натпревари, а исто така нема да биде дел од репрезентацијата на Игрите во Токио.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote