in

Легендарниот Буфон на 43 години повторно го напушта Јувентус!

Легендарниот голман Џанлуиџи Буфон повторно ќе ја напушти „Старата Дама“ на крајот од оваа сезона.

Буфон, 43, освоил 10 Серија А титули и 4 домашни купови за време на неговиот престој со Јуве. Тој се врати во клубот во 2019 откако претходно играше една сезона за ПСЖ. Голманот изјави за Беин Спортс: „Стигнавме до крајот на патот и време е повторно да си заминам“.

За него ова е убаво и долго искуство со Јуве и со сигурност завршува на крајот на сезоната. Неговата иднина е сеуште неизвесна, можно е да замине во пензија, но доколку добие понуда, можно е да се одлучи повторно да застане помеѓу стативите, додаде тој.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote