in

Челси го прегази Палас и се искачи на четвртата позиција

Во рамките на англиското домашно првенство се играше лондонско дерби помеѓу екипите на Кристал Палас и Челси. Екипата на Челси им се врати на победите откако минатото коло загуби со шокантни 2-5 против ВБА на Стемфорд Бриџ.

Сините уште во првото полувреме го решија натпреварот откако постигнаа 3 погодоци. Првите два се случија во рок од 1 минута, најпрвин стрелаше Хаверц, а веднаш потоа тој му асистираше на Пулишиќ. Зума зголеми на 3-0 пред крајот на првото полувреме.

Во второто полувреме Бентеке го намали водството, а Пулишиќ веднаш возврати и го постави конечниот резултат на средбата.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote