За сите љубители на чоколадото. Им успева дури и на почетници.
Состојки:
За кора:
- 100 гр црно чоколадо
- 85 гр путер
- 6 гр какао
- 100 гр шеќер
- 6 јајца
- малку сол
За фил:
- 130 гр црно чоколадо
- 75 гр млеко
- 10 гр кафе
- 300 гр слатка павлака
- 25 гр шеќер
За декорација:
- рендано чоколадо
Подготовка:
За кората: Стопете ги путерот и чоколадото на пареа. Одделете ги жолчките од белките. На жолчките додадете шеќер (20 гр.) и какао, и добро изматете. Додадете го растопеното чоколадо, па продолжете да мешате. Изматете ги белките, а потоа додадете шеќер 3 пати (преостанатите 80 гр.). Цело време мешате. Додадете ја белата смеса во смесата со чоколадо и нежно промешајте. Се става во плех обложен со хартија за печење и се премачкува убаво. Печете на 180 ° C околу 10-12 минути.
За фил:
Истурете го кафето и млекото во тенџере и варете додека не зоврие. Потоа исклучете го шпоретот, покријте го и оставете го околу 30 минути. Извадете го капакот и варете малку подолго. Потоа процедете и прелијте го со чоколадото. Мешајте додека не се раствори. Оставете да се олади. Измешајте слатка павлака со шеќер и изматете. Додадете го изладеното чоколадо и изматете повторно.
Редење на тортата:
Исечете ги врвовите за да добиете правоаголна форма на кората. Потоа поделете се на 3 еднакви делови. Се редат кората, филот, кората, филот, кората, филот. На крај, премачкајте ги рабовите со фил. Ставете ги во фрижидер 2 часа. Украсете со рендано чоколадо.
Коментари
Loading…