in

СлаткоСлатко

Подземјето на Колесеумот во Рим отворено за јавност за прв пат во историјата!

Подземниот дел од Колосеумот во Рим се отвори за посетители за прв пат во 2,000 години.

Подземните простории од Колосеумот се познати како хипогеа и порано се користеле за чување на гладиаторите и животните кои се бореле во арената. Тие никогаш не биле достапни за јавноста, а сега луѓето ќе можат да ги видат овие простории за прв пат.

Нивната реставрација започна во 2011 година и заврши дури сега. Беа потрошени околу 25 милиони евра за реставрирање на подземните простории. Сеуште постојат проекти со кои треба да се работи на Колосеумот, но отсега посетителите ќе можат да ги посетат подземните простории.

Како ви се допаѓа?

1 поен
Upvote Downvote