Параолимиецот Крис Никиц ја мина завршната лента во саботата и стана првиот човек со Даунов Синдром кој завршил триатлон. Гинисовата Книга на Рекорди го забележа остварувањето на Крис откако тој пливаше 3.8 километри, возеше велосипед 180 километри и истрча маратон долг 42 километри во Флорида во натпреварувањето кое се одржа на градската плажа Панама.
Крис го заврши триатлонот за 16 часа 46 минути и 9 секунди, само 14 минути порано од лимитот на триатлонот. Крис падна од својот точак и беше нападнат од мравки за време на неговиот стоп, но не се отажа и го достигна крајот на трката. „Ние сме инспирирани од твоето достигнување и ова е момент кој ја дефинира историјата на триатлонот. Ова достигнување е само твое и никој не може да ти го одземе.“ напишаа организаторите на триатлонот на социјалните мрежи.
Коментари
Loading…