Сертификати во дигитална форма, односно ковид-пасоши, ќе започнат да се употребуваат во Европската унија од ова лето. Ковид-пасош ќе добије секое лице кое примило вакцина од која било компанија, а луѓето кои не се дел од ЕУ исто така ќе може да ги имаат.
„Европската комисија предложи да се воведат овие дигитални сертификати кои ќе можат да ги употребуваат и државјани од трети земји. Тие ќе станат меѓународен стандард и ќе помогнат во борбата против пандемијата“ изјави еден од комесарите на ЕУ.
Коментари
Loading…