in ,

Цвекло – чувар на нашето здравје

Цвеклото на прв поглед изгледа како воопшто непримамлив корен, но на љубителите на овој скапоцен плод не им е потребен никаков поттик за вклучување на истиот во нивната исхрана. Ви ги претставуваме бројните благодати од консумирањето цвекло.

Помага кај анемија

Првиот совет кој ќе ви го даде секој лекар во случај на дијагноза на недостиг на железо во крвта е што почеста консумација на цвеклото. Заради железото со кое истото изобилува, овој зеленчук е добредојден и за време на менструалниот циклус.
Имајте на ум дека кога консумирате цвекло, било да го јадете свежо како салата, варено или, пак, како сок, треба да додадете малку свежо исцеден сок од лимон, со цел железото да се врзе за да може телото да го апсорбира.

Рудник на минерали

Цвеклото е богато со минерали како магнезиум, калиум, калциум, железо и сулфур. Исто така, може да се пофали и со групата на Б витамини, меѓу кои најмногу се истакнува фолната киселина, како и со витаминот Ц, заради што цвеклото претставува одличен избор за трудниците.

Подобра апсорпција на калциум

Заради присуството на сицилиум, цвеклото помага за подобра апсорпција на калциумот во телото, што, пак, придонесува за одржување на здравјето на коските, кожата, косата и ноктите.

Чистење на организмот

Во сурова, односно необработена форма, цвеклото содржи бетаин, детоксификациска состојка која одлично го регулира лачењето на жолчката и му помага на најоптоварениот орган – црниот дроб.
Од вкупно 500-те функции што ги има жолчката, најважни се оние кои се однесуваат на отстранување на токсините и излачување на вишокот на хормони и масти, а токму во тоа, лековитото цвекло е нејзин голем сојузник.

Црвената боја против болести и тумори

Пигментот антоцијан, од кој цвекло добива црвена боја, делува против разни болести, ги намалува клетките на туморот, а нападнатото ткиво повторно добива нормална структура.

Ја обновува крвта

Цвеклото придонесува за обновување на крвта поради што претставува и природна помош во лекување на леукемија.

Го намалува крвниот притисок

Доколку се консумира редовно, цвеклото и сокот од цвекло дејствуваат и на намалување на крвниот притисок.

Поголема физичка издржливост

Сокот од цвекло, како и од останатиот зеленчук воопшто, е богат со нитрати – соединенија кои ја намалуваат потрошувачката на кислород при напор. Со редовна консумација нивното ниво двојно се зголемува, што влијае на зголемување на мускулната издржливост за време на тренингот.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

1 поен
Upvote Downvote