in ,

WTFWTF Што?Што?

Дедо си ставил бомба во задникот, хирурзите во шок, повикале деминери: Паника во француска болница

Француски пензионер од Тулон за сексуално задоволство во анусот вметнал проектил од Првата светска војна, долг 20 сантиметри и пречник од пет сантиметри, кој лекарите хируршки го отстраниле откако ја евакуирале болницата поради можна експлозија.

Неименуван постар Французин (88) од Тулон, на југот на земјата, минатата сабота бил итно опериран бидејќи во задникот си турнал артилериска граната од Првата светска војна.

Тој предизвика вистински метеж во градската болница „Свети Мус“, бидејќи лекарите стравувајќи дека проектилот може да експлодира при вадење, ги евакуирале сите пациенти, а остатокот од персоналот го испратиле во околните здравствени домови.

Повикани деминери

Перверзниот дедо, кој на лекарите им кажал дека ја турнал гранатата во задникот поради „сексуално задоволство“, се пожалил на „големата болка“ што ја трпи, па опасната направа хируршки му била извадена од анусот. Лекарите соопштија дека проектилот бил долг 20 сантиметри и пречник околу пет сантиметри и дека „пациентот е во добра здравствена состојба“.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote