in

Дефанзивец на Премиер лигата на Гана постигна два намерни автоголови за да го уништи”заговорот за местење на натпревари”

Дефанзивец на Премиер лигата во Гана предизвика контроверзии откако постигна два намерни автоголови.

Дефанзивецот на Inter Allies, Hashmin Musah, се најде во насловните страници викендов откако намерно ја смести топката двапати во својата мрежа. Allies губеа со 5-0 од Ashanti Gold, Musah влезе како замена 12 минути пред крајот. Темпото, моќноста и точноста на головите, покажува дека не било случајно. 

Musah не се криеше на крајот од играта и зборуваше пред новинарите за неговата одлука. “По натпреварот, мојот технички тим ме пофали за расипувањето на облогот”, изјави Musah.

“Му ветив на мојот тренер дека ако ми дозволи да играм, ќе го расипам облогот. И по натпреварот, мојот тим ми честиташе.”

“Слушнав во нашиот хотел дека е направен облог за резултат 5-1 против мојот клуб Inter Allies. Решив да го расипам тој облог затоа што не го прифаќам обложувањето.”

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote