in

Дембеле надвор од Еуро 2020 поради повреда!

Напаѓачот на Франција, Оусман Дембеле ќе го пропушти остатокот на Еуро 2020 откако заработи повреда на коленото.

Дембеле влезе во игра во второто полувреме од натпреварот против Унгарија во кој Франција ремизираше со 1-1, но мораше да биде заменет после 30 минути поминати на теренот.

„Ја добивме ренгенската снимка на Дембеле од болницата во Будимпешта. Тој ќе мора да одмара за да закрепне и ќе мора да го пропушти остатокот на турнирот“ соопшти фудбалската федерација на Франција.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote