in ,

СлаткоСлатко УбавоУбаво

Десерт од јагоди

Освежителен десерт од јагоди, се подготвува брзо и е многу вкусен.

Состојки:
(за 5 лица)

  • – 500 гр јагоди
  • – 300 гр кремасто сирење со малку маснотии (АБЦ)
  • – 20 гр мед
  • – 1 кесичка ванилин шеќер

Подготовка:

 

Изблендирајте 400 гр јагоди со блендер додека не добиете пире, оставете ги останатите 100 гр за декорација.

Измешајте го сирењето со ванилин шеќер и мед. па додајте го во пирето од јагоди и добро измешајте со лажица за да се комбинира сè добро.

Десертот поделете го на пет помали чинии, а потоа украсете со останатите јагоди.

На здравје!

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote