in

Што?Што?

Девојката на Џеф Безос со прстен на рака: Милијардерот и новинарката се свршиле

Џеф Безос се појави со својата девојка, новинарката Лорен Санчез, на премиерата на новата серија „Господарот на прстените: Прстените на моќта“ во лондонскиот Лестер Сквер.

Милијардерот носел црн костум и бела кошула, додека неговата девојка блеснала во црвен фустан и сребрени сандали.

Двојката позирала пред фотографите на црвениот тепих, а на фотографиите се гледа и како Лорен носи огромен прстен кој изгледа како свршенички, но ниту еден од нив не се огласил за тоа.

Не е јасно кога точно Безос почнал да излегува со Санчез, но тие наводно се вљубиле уште додека тој бил во брак со Мекензи Скот, а Лорен била во брак со извршниот директор на холивудската агенција ВМЕ, Патрик Вајтсел. Безос се разведе во 2019 година и тоа е еден од најскапите разводи на сите времиња.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote