in

СлаткоСлатко

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА 8 МАЈ 2024

Времето денес:

 

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од јужен правец.

Денес во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен дожд и грмежи. Потоа во следните три дена под влијание на нов влажен бран во поголем дел од земјава во попладневните часови ќе има пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилни врнежи и засилен ветер. Во деновите од викендот условите за нестабилност ќе се намалат.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote