in

УбавоУбаво ТаженТажен Што?Што?

Дланките откриваат дали ви недостасува железо

Дали сте летаргични, имате отежнато дишење или повремено чувствувате дека срцето ви чука побрзо? Можеби сте анемични. Ставете ги рацете пред вас со дланките свртени нагоре и раширете ги прстите.

Ваквите симптоми се предизвикани од недостаток на железо кое е важно за формирање на црвени крвни зрнца и пренос на кислород во телото.

Недоволното количество црвени крвни зрнца ќе доведе до анемија која најпрво може да ја забележите на бледа кожа. Добар начин да го проверите ова е да ги пржете рацете пред вас со дланките свртени нагоре и да ги раширите прстите.

Ако наборите на дланката се светли во споредба со бојата на кожата, тоа може да укаже на послаба циркулација предизвикана од ниските нивоа на железо. На тоа укажуваат белиот корен на ноктот и бледата боја на внатрешната линија на долниот очен капак. Анемијата може да се потврди само со тест на крвта, па доколку ги забележите овие симптоми, обратете се кај вашиот лекар.

Најчестите симптоми на анемија се:

  • Скратен здив
    Неправилно чукање на срцето
    Депресија
    Низок крвен притисок
    Нарушена меморија
    Главоболка
    Бледа кожа
    Тинитус
    Има храна која може да помогне во лекувањето на анемија и да го регулира нивото на хемоглобинот.

Најдобар начин да се победи анемијата е да јадете што повеќе храна богата со железо, пишува Б92. Некои од нив се калинка, домат, сусам, спанаќ, цвекло, брокула, грав, вино од капини.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote