in ,

СлаткоСлатко УбавоУбаво

Домашен превкусен сладолед од кајсии готов само за 5 минути

За подготовката не ви требаат повеќе од 5-10 минути, а ќе уживате во слаткото задоволство.

Ќе ви бидат потребни следните состојки:

  • 450 g свежи, зрели кајсии
  • 120 ml вода
  • 100 g шеќер
  • 250 ml слатка павлака
  • 1/2 лажица екстракт од ванила
  • Неколку капки свеж сок од лимон

 

Начин на подготовка:

Извадете ги семките од кајсиите и исечете ги кајсиите на шест парчиња. Ставете ги во тенџере, додадете половина чаша вода и ставете ги на оган додека водата да зоврие.

Покријте го тенџерето и оставете ги кајсиите да стојат во жешката вода околу десет минути, мешајќи повремено, додека не омекнат.

Оставете ги кајсиите да се изладат, а потоа ставете ги во блендер и мешајте додека не добиете изедначена смеса.

Павлаката измешајте ја со шеќерот, додека не добиете густа смеса, потоа додадете екстракт од ванила, неколку капки сок од лимон, и на крај додадете ја смесата од кајсиите.

Мешајте во блендер или со миксер, додека не добиете мазна, изедначена смеса.

Ставете ја смесата во замрзнувач и сервирајте по желба.

Како ви се допаѓа?

1 поен
Upvote Downvote