Популарниот рапер DMX беше примен во болница во Њу Јорк, пренесуваат светските медиуми. 50 годишниот рапер вчера вечер бил примен во болница, пренесува Билборд. Според соопштението од неговите агенти, тие ги потврдија новостите, но не ја кажаа причината за хоспитализацијата.
DMX беше на самиот врв на музичката сцена во раните 2000 години, а се појави и во неколку филмови како што се Romeo Must Die, Exit Wounds и Cradle 2 the Grave.
Коментари
Loading…