in

СлаткоСлатко

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 7 ФЕВРУАРИ: Лавот паѓа од работа, додека Шкорпијата ужива во сите пари, а ТИЕ ќе направат ХАОС

Овен

Работа: Претстои многу добар работен ден за Овенот да се справи со некои нови креативни идеи и проекти. Бидете упорни во вашите напори.

Љубов: Ве очекува поволен ден во љубовната сфера, па не би било лошо да и приредите пријатно изненадување на вашата сакана. Нека биде нешто мало.

Здравје: Одлично.

Бик

Работа: Претстои одличен ден за повеќето типични Бикови за максимално професионално ангажирање, а не е исклучено и покренување нови иницијативи.

Љубов: Можно ново запознавање со личност од деловното опкружување, па доколку сте расположени за убава и лежерна комуникација, флерт, повелете.

Здравје: Нема значајни предупредувања.

Близнаци

Работа: На Близнаците им претстои одличен ден за започнување на нови професионални проекти и идеи, па се очекува ваш зголемен ангажман.

Љубов: Треба да има неколку можности за нови познанства, бидејќи вашето добро расположение и шарм нема да останат незабележани денес.

Здравје: Одлично.

Рак

Работа: Нема пречки на деловен план за типичните Ракови, под услов да не се раствораат, туку чекор по чекор да ги реализираат поставените обврски.

Љубов: Денеска би можело да ве очекува некакво преиспитување на сопствените ставови и размислувања на тема постоечки партнерски односи.

Здравје: Многу добро.

Лав

Работа: Лавовите очекуваат многу работа овој ден, особено во сегментот на комуникација и деловни договори и преговори. Одете напред кон нови победи.

Љубов: Понекогаш во љубовната сфера е потребно да се прават компромиси. Овој ден не е таков, пологично е да бидете коректни, но непоколебливи во односот.

Здравје: Многу добро.

Девица

Работа: Флуктуирачката енергија може многу да ги услови и ограничи постигнувањата на професионалните цели за Девиците денес. Нема ништо страшно, сепак успевате се да завршите на време.

Љубов: Денес би можеле да очекувате повеќе информации, иако конфликтни, и многу идеи за потези на полето на љубовните врски. Не се придржувајте само до идеите и мислите.

Здравје: Сосема солидно.

Вага

Работа: Ќе има многу идеи и планови за овој работен ден во главите на типичните Ваги. Бидете задоволни ако успеете да реализирате барем половина, остатокот може да почека.

Љубов: Нема причина за никакво чекање кога се во прашање важни одлуки во љубовната сфера. Ако добро сте измериле сè, денес е добар ден да ги откриете.

Здравје: Можна чувствителност на респираторниот систем.

Шкорпија

Работа: Скорпиите можат да ги спроведат првично направените планови за овој работен ден само доколку се подготвени за компромисни деловни решенија. Покрај тоа, ве очекува зголемена комуникација со важни личности од авторитет.

Љубов: Доколку неодамна сте збркале нешто во љубовната сфера, денес најверојатно ќе имате сметка за наплата. Сепак, не бидете премногу разочарани.

Здравје: Напнатост, нервоза.

Стрелец

Работа: Еве ден со поволни астролошки аспекти за најтипичните Стрелци на задоволителен начин да повлечат линија на еден мал бизнис циклус и да започнат нов со полн замав.

Љубов: За чувство на задоволство на полето на љубовните врски, денес заедно со тактичноста ќе ви биде потребно разбирање и поддршка од саканата личност.

Здравје: Нема причина за грижа.

Јарец

Работа: Претстои многу добар работен ден за Јарците пред се да ја завршат започнатата работа, и да склучат добар и поволен договор за следните професионални предизвици.

Љубов: Денес е многу важно отворено да разговарате со саканата личност и без никакво двоумење обидете се со заеднички сили да ги решите потенцијалните недоразбирања.

Здравје: Одлично.

Водолија

Работа: Многу работа, зголемени професионални активности и успешна реализација, за повеќето Водолии ова треба да бидат главните карактеристики на овој вторник.

Љубов: Речиси сите околности на полето на љубовните врски во текот на овој ден треба да бидат во ваша корист. Уживајте во се што ве прави среќни.

Здравје: Многу добро.

Риби

Работа: Обидете се да ги усогласите вашите високи деловни цели со околностите кои денес би можеле значително да го забават и да ја попречат нивната реализација.

Љубов: На полето на љубовните врски денес имате многу отворени врати, зад кои ве очекуваат убави задоволства и некои пријатни изненадувања. Уживајте.

Здравје: Многу добро.

Како ви се допаѓа?

-1 поени
Upvote Downvote