Дрес на еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Мајкл Џордан, кој бил носен за време на натпревар во неговите млади години продаден за вртоглава сума.
Џордан го носел дресот за време на натпревар за неговиот Универзитет на Северна Каролина пред да заигра во Чикаго Булс. Овој дрес бил продаден за три пати поголема сума од претходниот дрес кој го држел светскиот рекорд за најскап дрес.
Како трет избор на драфтот во 1984 година, Чикаго Булс го обрале Џордан од Универзитетот на Северна Каролина. Претходно, дрес на Џордан од неговата трета сеозна со Булс беше продаден за 480 илјади долари. Сега, дресот од неговиот Универзитет беше продаден за астрономски 1.38 милиони долари.