in ,

Што?Што?

Три земји одбиваат да го прикажат филмот Eternals поради прикажување на истополови врски

Саудиска Арабија, Кувајт и Катар одбиваат да го прикажат филмот „Eternals“ додека не се отстранат сите делови кои прикажуваат истополови врски, а нивната одлука ја коментираше членката на актерската екипа на филмот на Марвел, Анџелина Џоли.

 

Џоли, која го игра ликот на Тена во филмот „Eternals“, го коментираше барањето на овие три земји Дизни да направи промени во филмот за да дозволат негово прикажување. Дизни не го прифати ова барање.

„Тажна сум бидејќи таа публика нема да има можност да гледа одличен филм. Во исто време, горда сум на Марвел бидејќи го одби нивното барање. Сè уште не можам да разберам дека живееме во свет во кој луѓето не можат да го гледаат семејството Фастос како убава заедница исполнета со љубов. Не разбирам зошто нешто такво може некого да налути или зошто некои тоа го гледаат како закана. Неодобрувањето и непочитувањето на таквите работи е игнорантно“, изјави Анџелина Џоли.

Станува збор за бракот на Фастос и Бен, што воедно е и првпат истополовата врска да биде прикажана во филм на Марвел.

 

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote