Германија можно е да стане првата држава кој ќе започне да ги вакцинира своите граѓани со вакцина против корона вирусот според планот кој го подготвува Германската влада и Германската компанија која моментално тестира вакцини. Планот е да се спроведат голем број на вакцини во истиот момент кога тие ќе бидат одобрени низ сите региони во Германија.
Сето ова можно е да се случи пред крајот на оваа година, но сето тоа зависи како ќе се движат клиничките тестови околу вакцината и дали тие ќе бидат одобрени од Медицинската Агенција на Европската Унија. Според првичните податоци предност во вакцинирањето ќе имаат постарите жители и оние кој патат од хронични заболувања.
Коментари
Loading…