in

Мерцедес ја освои својата седма титула во низа во F1

Луис Хамилтон победи на трката во Имола стартувајќи од втората позиција на гридот и е на чекор на освојување на титулата во Формула 1. Додека 1-2 на Мерцедес заедно со Валтери Ботас ја запечатија седмата титула во низа на конструкторскиот тим во F1. Во Шампионатот на возачите моментално Хамилтон има разлика од 85 поени од Ботас, кој заврши втор откако Макс Верстапен доживе незгода.

Хамилтон може да ја освои титулата во следната трка во Турција, доколку заврши на првата позиција, или пак освои 7 поени повеќе од Ботас. Возачот на Вилиамс Џорџ Расел беше на чекор освојување на своите први поени во F1, но Британецот се удри во оградата додека се обидуваше да ги загрее своите гуми позади безбедносното возило.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote