in

Германија успеа да вакцинира милион луѓе во еден ден!

Министерството за здравство на Германија соопшти дека само во еден ден дури 1,1 милиони жители во државата ја примиле вакцината за коронавирусот.

Ова се позитивни новости за една европска земја и покрај недостатокот на доволно вакцини. Со оваа вакцинирани се над еден процент од севкупното население на Германија во само 24 часа.

Оваа бројка на дневно ниво е надмината само од Кина, Индија и САД. Германија стана првата држава во Европа која вакцинирала милион луѓе во еден ден. Претходниот рекорд го држеше Британија со над 800 илјади дози дневно.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote