Полициските службеници ширум Австралија се приклучија на акцијата наречена „3.046 склекови“, што се спроведува за да се поттикнат разговори за физичка активност и ментално здравје.
Бројот 3.046 го означува бројот на самоубиства што се регистрирани во Австралија само минатата година.
Тие решија да се борат против овој проблем со различни активности, вклучително и предизвик кој се состои од склекови, сакајќи да ја подигнат свеста за менталното здравје и да соберат пари.
Во акцијата се вклучија и полицајци од полициската станица Калгурли, како и нивното куче Виски, германски овчар, кој градот го нарекува „омилен полицаец“.
На видеото кое го објавија на социјалните мрежи, може да се види дека кучето Виски е добар натпреварувач заедно со неговите пријатели. Видеото за брзо стана вирално на интернет.
Коментари
Loading…