Копривата може да се користи и како ѓубриво и како инсектицид. Копривата го стимулира растот на растението, но исто така ја зајакнува отпорноста на растението кон болести и штетници.
Наберете ја копривата и ставете ја во сад во кој ќе додадете вода. Не истурајте вода до врвот, но натопете убаво. Оставете да стои на сонце 15 дена. Се меша секој ден и ѓубривото е подготвено кога копривата престанува да се пени.
Прво исцедете го ѓубривото, а потоа разредете го со вода во сооднос 1:10. Можете да ја наводнувате почвата околу растението.
Ова ѓубриво и инсектицид можете да го користите и за цвеќе и за зеленчук.