in ,

УбавоУбаво

Ѓоковиќ на полуфинале против Синер (ВИДЕО)

Најдобриот српски тенисер го продолжи походот кон титулата на „Вимблдон“ и се пласираше во четвртфиналето со победата над Тим ван Ријтовен.

Новак Ѓоковиќ ја оправда фаворитската улога против Холанѓанецот и триумфираше со резултат 3:1 во сетови 6:2, 4:6, 6:1 и 6:2.

Во борбата за пласман во полуфиналето, Ноле ќе игра против Јаник Синер.

“Беше многу тешко. Никогаш не сум играл против Ван Рајтховен, а тој го доби својот прв АТП меч пред неколку недели, а потоа победи играчи од Топ 10, Топ 5, имаше серија триумфи на оваа подлога…А со таков сервис, со таков силен форхенд ми требаше време да се навикнам на неговата моќ, но и на играње со затворен покрив, бидејќи во овие услови сè на теренот е малку полизгаво” – рече Ѓоковиќ.

Победникот од четвртфиналето меѓу Ѓоковиќ и Синер, во полуфиналето ќе игра против подобриот од мечот Давид Гофан – Камерон Нори.

Останатите четвртфинални дуели ќе се дознаат по одигрувањето на осминафиналните средби: Гарин – Де Минор, Накашима – Кирјос, Кублер – Фриц и Де Зандшулп – Надал.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote