in

Грција нарача огромна доза на вакцини!

Close-up medical syringe with a vaccine.

Грција има обезбедено 26.090.000 дози, односно можност за вакцинација на 15.350.000 граѓани, рече генералниот секретар во Министерството за здравство на Грција Мариос Темистоклеус на денешната редовна прес конференција за вакцинацијата во земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

Објасни дека поголемиот број вакцини во однос на бројот на населението е дел од европската политика.

Во однос на вакцината на Фајзер, Темистоклеус соопшти дека до крајот на месецов земјата ќе добие 427.050 дози, во февруари ќе пристигнат 362.700 дози, а во март уште 558.675 дози од вакцината.

-Вкупно, од компанијата Фајзер, ќе ни бидат доставени 1.348.425 дози до крајот на март. Оваа бројка е малку поголема во споредба со претходните соопштенија. На овие дози, постои можност да се додадат уште 1.180.930 дози од дополнителниот договор на Фајзер со Европската унија, објасни генералниот секретар во Министерството за здравство на Грција.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote