in

Гризман сака да заигра во МЛС лигата!

Антоан Гризман изјави дека сака да се пресели во Соединетите американски држави по истекувањето на неговиот договор со Барселона.

Репрезентативецот на Франција минатата година изјави дека преселбата во МЛС лигата е една од неговите цели во кариерата. 30 годишниот напаѓач сега потврди дека сеуште сака да се пресели во САД.

Тој тоа ќе го направи кога ќе заврши неговиот договор со каталонскиот клуб. Најголема причина за ваквиот потег е НБА лигата и американскиот стил на живеење. Гризман е голем фан на овие две работи.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote