in ,

ТаженТажен

Гробот на принцезата Дијана никој не го видел: Познато е и зошто

Принцезата Дијана, вистинско име Дијана Френсис Спенсер, загина во сообраќајна несреќа на 31 август 1997 година, кога имала 36 години. Емитувањето на погребот на Дијана беше единствениот настан кој ја надмина и нејзината свадба со Чарлс. Две и пол милијарди луѓе ширум светот гледаа и тагуваа за принцезата.

Првично, планот беше принцезата Дајана да биде погребана во семејниот трезор на Спенсер во црквата во Грејт Брингтон. Но, помладиот брат на принцезата Дијана, Ерл Чарлс Спенсер, реши да го промени тој план. Тој сакаше принцот Вилијам и принцот Хари да можат да го посетат гробот на Дијана кога ќе посакаат без да се грижат за приватноста. Областа каде што е закопана е покрај езерото познато како Овал, сместено во паркот Алторп.

Принцезата Дијана беше погребана во црн волнен коктел фустан со долги ракави. Фустанот го купила само неколку недели пред нејзината смрт.

Таа беше погребана држејќи бројаница која и ја подари Мајка Тереза. Алторп Хаус, час и половина надвор од Лондон, може да се посети во текот на летото. Гостите не можат да го посетат гробот, но можат да остават пораки и подароци на споменикот изграден спроти гробот. Патот до езерото е обложен со 36 дабови дрвја, од кои секое претставува една година од животот на Дијана, пишува Story.hr.

Веќе неколкупати имало обид за грабеж на гробот , па семејството не дозволува никој да се доближи до последното почивалиште на принцезата, ниту пак да го фотографира.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote