in

ТаженТажен

Гром уби 350 загрозени антилопи во Казахстан!

Околу 350 загрозени саига антилопи беа пронајдени мртви во степата во западен Казахстан, а се претпоставува дека биле убиени од гром, објавија властите на таа средноазиска земја.

Според Светската организација за заштита (WWF), смртта се случила при раѓање на саиги, антилопи кои се на списокот на критично загрозени видови, т.е. на работ на истребување.

Според казахстанскиот министер за екологија, најверојатна причина за смртта е молња „бидејќи има траги од удари на гром врз трупови на животни“.

Меѓународната унија за зачувување на природата (IUCN), чија Црвена листа е научна референца за загрозени животински и растителни видови, ги рангираше саигите меѓу првите пет критично загрозени видови на антилопи.

Препознатливи по закривените рогови и долгата тркалезна муцка, саигите постојано биле на работ на истребување. Нивното потекло датира од последното големо ледено доба, кое започнало пред 115.000 до 110.000 години и завршило пред околу 12.500 до 10.000 години.

За време на советскиот период, тие уживаа засилена заштита, со целосна забрана за лов, а потоа беа воведени многу строги квоти во 1950-тите. Во тоа време, бројот на возрасни беше повеќе од два милиони.

Меѓутоа, со независноста на Казахстан во 1991 година, доживеа невидена експлозија на ловокрадство, така што саигите повторно дојдоа на работ на истребување.

Денес само околу 50.000 саиги шетаат по степите, од кои 90 проценти се во Казахстан. Нивниот опстанок е најзагрозен од ловокрадството, поради роговите на мажите, барани во кинеската медицина.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote