Возачите Роман Грожан и Кевин Магнусен ќе го напуштат Хаас на крајот од оваа сезона во F1. Французинот Грожан, 34, беше со Хаас уште во оформувањето на тимот и неговото влегување во F1, Данецот Магнусен, 28, се приклучи на тимот во 2017 од Рено.
Моменатлно тие се 18ти и 19ти во табелата на шампионатот и имаат постигнато по 2, односно 1 поен. Хаас е моментално 9ти во табелата на конструкторите и ќе има потполно различни возачи во 2021. Грожан постигна 110 поени за тимот во 92 трки, а Магнусен 96 поени во 73 трки.
Сакате и вие да создадете ваш квиз? Направете ваш пост!
Коментари
Loading…