in

Грожан: Ја видов смртта како доаѓа, но тогаш помислив на моите деца!

Роман Грожан доживеа страотна несреќа минатиот викенд за време на трката во Бахреин, откако неговиот болид се преполови и се запали, а тој беше заробен во пламенот 28 секунди. За време на интервјуто кое го направи по несреќата тој опиша што почувствувал во хорор моментите по ударот:

„Се чувствував како да горев повеќе од 28 секунди. Видов како мојот визир пожолтува и го видов пламенот. Во тој момент помислив на многу нешта, помислив на несреќата на Ники Лауда, не сакав да завршам на тој начин, не сега. Не сакав мојата приказна во F1 да заврши така. Ја видов смртта како доаѓа, но тогаш се сетив на моите деца и на моето семејство и ја добив потребната сила да побегнам од пламенот“

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote