Поранешниот менаџер на Барселона и Бајерн Минхен ќе остане на Етихад повеќе од 5 години! Пеп Гвардиола постигна договор со Манчестер Сити и се договори да остане во Премиер Лигата дополнителни 2 години, односно останува во Англија до 2023. Тој за време на неговиот престој во клубот, успеа да им донесе 8 титули на „Граѓаните“.
Репрезентативната пауза им даде доволно време на челниците на клубот и на Гвардиола да преговараат за новиот договор. „Уште кога пристингав во Манчестер Сити, бев добредојден од клубот и од самиот град. Постигнавме големи успеси и горд сум на тие успеси. Многу сум среќен што ќе останам овде и ќе се обидам да му помогнам на Манчестер Сити да остане на самиот врв“ – изјави Пеп Гвардиола.
Коментари
Loading…