Според најновите информации кои ни доаѓаат од студијата која била направена од страна на експерти за Ковид-19, имунитетот кој се развива по прележување на вирусот би можел да трае со години, па дури и со децении. Оваа информација ја пренесе угледниот медиум Форбс. Научниците направиле анализа на 185 луѓе, на возраст од 19 до 81 години, кои го прележале вирусот на почетокот на пандемијата и откриле дека сеуште имаат имуни клетки кој му помагаат на организмот доколку дојде до нов контакт со вирусот.
Антителата се покажале како екстремно издржливи со низок степен на опаѓање. Тоа значи дека можно е да нудат неколку години, во најдобри случаи и децении заштита од Ковид-19. Во студијата стоеше дека луѓето кои го прележале корона вирусот сега имаат долгогодишна заштита од него, а вакцината кога ќе пристигне, ќе произведе уште поголема заштита!
Коментари
Loading…