Ѕвездата на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд се договорил со Реал Мадрид, според медиумите.
Познатиот италијански новинар Алфредо Педула тврди дека Халанд ги договорил личните услови со Кралевите, а остана уште Реал да се договори со Борусија Дортмунд околу висината на трансферот.
Според Дортмунд, Халанд може да си замине доколку Реал искешира 175 милиони долари, но цената на Норважанинот може драстично да опадне следната сезона на само 75 милиони евра.