Росонерите се вратија на врвот на Серија А откако накратко нивниот гратски ривал ја држеше првата позција. Во натпреварот против Кротоне, Милан одигра одличен натревар и успеа да ги совлада своите противници со високи 4-0.
Првиот гол на дуелот го постигна Златан Ибрахимовиќ во 30 минута и тоа воедно беше неговиот 500 погодок во неговата фудбалска кариера. Во второто поливреме Милан постигна 3 погодоци. Двапати стрелаше Ребиќ, а втор пат во листата на стрелците се запиша популарниот Ибра.
Коментари
Loading…