in ,

Што?Што?

Илон Маск – Луѓето ќе стигнат на Марс до крајот на деценијата!

Илон Маск е убеден дека најдоцна до крајот на оваа декада, луѓето ќе заминат на Марс, што е исклучително амбициозна цел. Оваа прогноза Маск ја дал во своето двоиполчасовно интервју во подкастот на Lex Fridman, и тоа главно се совпаѓа со неговите претходни планови. На прашањето кога мисли дека SpaceX ќе спушти луѓе на Марс, тој рекол: „Најрано за 5, а најдоцна за 10 години“.

 

Главниот предизвик е во оптимизацијата на леталото Starship во однос на неговата маса, односно намалување на трошоците на мисијата. Тој се надева да ги сведе оперативните трошоци на леталото на околу 100 до 200 милијарди долари годишно. За споредба, буџетот на НАСА за програмата за истражување на Марс во 2020 година била околу половина милијарда долари, а мисијата Mars Pеrsevеrеnce во 2021 , чинела речиси 7 милијарди долари.

 

Дали и кога оваа амбиција ќе се разлизира, останува на тестот на времето. Маск е познат по честите пробивања на роковите кои преамбизиозно ги задава, но ре;иси никогаш не се откажал од реализацијата на ниту еден од своите проекти.

Како ви се допаѓа?

1 поен
Upvote Downvote