Започна со работа најголемата фабрика во светот дизајнирана да го собира јаглерод диоксидот од воздухот и да го сместува под земја претворајќи го во карпа, соопштија компаниите што стојат зад проектот.
Фабриката, наречена „Орка“ по исландскиот збор што значи „енергија“, од четири единици, секоја составена од две метални кутии кои личат на контејнери.
Изградена од швајцарската „Клајмворкс“ и исландската „Карбфикс“ фабриката треба да извлекува 4.000 тони јаглерод диоксид од воздухот секоја година.
Според американската агенција за заштита на животната средина, тоа е еднакво на емисијата на штетни гасови од околу 870 автомобили. Изградба на „Орка “ чини помеѓу 10 и 15 милиони американски долари.
Today our vision becomes reality.
With our Icelandic partners @Carbfix and ON Power, we launch #Orca, the world's first large-scale #DirectAirCapture and storage plant.
The launch will be live-streamed at 5pm CET / 3pm GMT / 11am EST via the link below: https://t.co/6oEAtK0ZlG pic.twitter.com/zOA5UNUshE— Climeworks (@Climeworks) September 8, 2021
За да собере јаглерод диоксидод (CO2), фабриката користи вентилатори кои го собираат воздухот во колектор со внатрешен филтер. Откако материјалот за филтрирање ќе се наполни, колекторот се затвора и се загрева за да се ослободи CO2 од материјалот, по што овој газ може да се собере. Добиениот CO2 потоа се меша со вода и се вбризгува на длабочина од 1.000 метри во базалтна карпа каде што се минерализира.
Застапниците на таканареченото зафаќање и складирање на јаглерод мислат дека овие технологии можат да станат главна алатка во борбата против климатските промени. Критичарите, пак, тврдат дека технологијата и понатаму е многу скапа и може да требаат и децении за да функционира на пошироко ниво.