in

WTFWTF Што?Што?

Најголемата измама на фармацевтската индустрија досега? Намерно го саботираше развојот на лекот за СИДА

Компанијата Gilead Sciences уште во 2004 година одлучи да го запре развојот на лек против СИДА за сопствен профит, пишува New York Times.

Иако причината за запирање на развојот на лекот за ХИВ беше нешто сосема друго, јавното објаснување на компанијата беше дека лекот не е доволно различен од постоечкиот третман за да го оправда неговиот понатамошен развој.

Имено, компанијата Гилеад смислила план за одложување на лансирањето на иновативен лек против СИДА, за да не го загрози профитот на веќе постоечките лекови, иако знаеле дека нивниот ефект не е ефикасен, се вели во низата интерни документи објавени во тужбата против компанијата.

Во тоа време, Гилеад веќе имаше пар лекови за ХИВ, и двата поддржани од верзија на лек наречен тенофовир. Првиот од тие лекови требаше да ја изгуби патентната заштита во 2017 година, кога конкурентите ќе можат слободно да воведат поевтини алтернативи.

Ветувачки лек, тогаш во раните фази на тестирање, беше ажурирана верзија на тенофовир. Директорите на Гилеад знаеја дека има потенцијал да биде помалку токсичен за бубрезите и коските на пациентите од претходната верзија, според внатрешните белешки обелоденети од адвокатите кои го тужат Гилеад во име на пациентите.

„Стратегијата за продолжување на патентот“, како што постојано ја нарекуваа документите на Гилеад, ќе и овозможи на компанијата да ги задржи високите цени за своите лекови базирани на тенофовир.

Одложеното објавување на новиот третман сега е предмет на државни и федерални тужби во кои околу 26.000 пациенти кои земале стариот лек за ХИВ на Гилеад тврдат дека компанијата непотребно ги изложила на проблеми со бубрезите и коските.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote