Центарот на Денвер, Никола Јокиќ на вчерашниот натпревар против Хјустон (124:111) постави личен рекорд по бројот на асистенции на еден меч – 18.
Јокиќ стана првиот центар по Вилт Чембрлен кој остварил 18 асистенции на еден натпревар.
Исто така, српскиот кошаркар го направи својот 43-ти трипл-дабл во кариерата со 19 поени и 12 скока и се израмни со Фет Левер, кој е лидер во оваа статистичка категорија во историјата на клубот.