in ,

Јусуф Нуркиќ се обиде да купи вакцини за Босна и Херцеговина

Играчот на Portland Trail Blazers, Јусуф Нуркиќ, забележал колку дополнителни вакцини има САД на располагање. Тој се обиде да испрати што повеќе вакцини во Босна и Херцеговина.

За земја која има само околу 5% од популацијата целосно вакцинирана, донацијата на Нуркич ќе беше неизмерно корисна.

“Тие имаат донации, но не доволно за да ги вакцинираат луѓето”, рече Нуркиќ “Се обидов да купам за целата земја. Пронајдов парите, испланирав и сè. Но, сè уште не можеме да го направиме тоа.”

“Дури и да најдеме вакцини, претпоставувам дека законите на САД велат дека сè додека не се вакцинира американскиот народ, вакцините не можат да се продаваат. Не знам што друго да направам. Навистина се обидов”.

26-годишниот кошаркар рече дека изгубил неколку членови на семејството од вирусот, вклучувајќи ја и неговата баба.

Иако успеала повеќе од две недели да се бори со коронавирусот, па дури и да го надмине, бабата на Нуркиќ почина два дена подоцна од срцев удар.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote