in

Карим Бензема се тестираше позитивен на Ковид-19

Францускиот репрезентативец и напаѓач на Реал Мадрид, Карим Бензема се тестираше позитивно на Ковид-19, соопштија од клубот.

Великанот од Ла Лигата кој сега е под палката на Карло Анчелоти продолжи со своите подготовки за следната сезона во шпанскиот шампионат. Карим Бензема ќе отсутвува од подготовките во блиска иднина и сега мора да оди во самоизолација.

Во краткото соопштение на официјалната бев-страна на „Кралевите“ стоеше: „Реал Мадрид потврдува дека нашиот играч Карим Бензема доби позитивен тест на Ковид-19“. Бензема доби продолжен одмор од неговиот клуб поради неговите репрезентативни обврски на Еуро 2020.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote