in

КАЗНЕТ СО 400 ЕВРА ЗА ЈАДЕЊЕ БУРЕК БЕЗ МАСКА, бурекџилницата возврати со извондреден потег!

Бурекџиница во Љубљана понуди да плати казна за момче кое беше казнето затоа што ја соблече маската на јавно место за да јаде бурек.

“Ја бараме познатата личност за испорака на храна која минатата недела плати казна во Љубљана за консумирање храна на скалите пред Францисканската црква. Имаме намера да го прашаме каде го купи бурекот. Ако се докаже дека тоа е наш бурек, подготвени сме да ја платиме казната”, рече таа. Добро познатата бурегџиница „Бурек Олимпија“ го објави ова на Facebook.

Случајот со момче кое беше казнето со 400 евра во центарот на jубjана затоа што ја тргна маската за да јаде бурек стана многу популарна тема во Словенија, а на интернет се прошири фотографија на која полицаец ја пишува казната.

За него се зборуваше и во парламентот.

Опозицијата го искористи тоа за да ги критикува превземените мерки и ги опиша како апсурдни и прекумерни и посочи дека казните биле дискриминаторски, бидејќи некои политичари се појавувале во јавноста без маски, но не биле казнети, наведува Јутарњи лист.

Словенечката полиција тврди дека казната била оправдана, затоа што момчето не носело маска на јавни места во согласност со прописите.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

2 поени
Upvote Downvote