in ,

СлаткоСлатко

Кијану Ривс како Бетмен? „Сонот се остварува“

Киану Ривс сака да се приклучи на многу ексклузивната листа која вклучува луѓе како Роберт Патинсон, Кристијан Бејл, Џорџ Клуни, Бен Афлек, Мајкл Китон и други со тоа што ќе скокне во костимот на Бетмен.

Ривс неодамна му го позајми гласот на Бетмен во филмот „DC League of Super Pets“, а тој на новинарот на телевизијата Ekstra изјави дека со задоволство би се согласил да ја игра улогата на Бетмен доколку му биде понудена од Warner Bros.

Но, тој веднаш забележа дека тоа можеби не е реално во моментов, бидејќи „Роберт Патинсон одлично си ја врши работата“. „Можеби некогаш во иднина. Можеби кога ќе има потреба од малку постар Бетмен“, додаде тој.

Киану Ривс има 57 години. Доколку ја добие улогата на Бетмен, тој би бил еден од најстарите актери кои го толкуваат овој суперхерој. Сепак, тој не би бил најстар. Таа титула сепак би ја задржал Мајкл Китон, кој според последните информации би требало повторно да го глуми Бетмен во филмот „The Flash“, кој наскоро ќе пристигне во кината. Китон има 70 години, па ќе биде најстариот Бетмен.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote